Путин: Сирија е посветена на мировните процеси

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Русија, Иран и Турција денеска ја поддржаа идејата да биде свикан сирискиот Народен конгрес, како еден од чекорите со кои ќе се започне дијалогот во таа земја, рекол денеска претседателот на Русија Владимир Путин.

По состанокот во Сочи со колегите од Иран и Турција, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган, Путин рекол дека сите тројца дале на инструкции на свотие дипломати, безбедносни и одбрамбени органи, да работат на структурата и датумот за свикување на конгресот, пишува Ројтерс.

Раководството на Сирија е посветено на мировниот процес, уставната реформа и слободни избори, рекол Путин по состанокот со Рохани и Ердоган во Сочи, каде разговарале за мировниот процес во Сирија.