Путин се заканува со јакнење на нуклеарните сили

Сподели со своите пријатели

Утрово, ден пред годишнината од почетокот на инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ги зајакне руските нуклеарни сили.

Loading...

Во изјавата објавена од Кремљ рано утринава, Путин рече: „Како и досега, ќе посветиме посебно внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“.

Зборот „тријада“ во контекст на нуклеарното оружје се однесува на нуклеарни проектили лоцирани на земја, во морето и во воздухот, пренесува Index.hr.

Рускиот претседател најави дека за прв пат во вооружените сили на Руската Федерација годинава ќе влезат интерконтинентални балистички ракети од типот Сармат – оружје што може да носи повеќе нуклеарни боеви глави.

„Ќе продолжиме со масовно производство на хиперсонични ракети од типот Кинжал, кои се лансираат од воздух. – тврди Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Најави суспензија на договорот за контрола на нуклеарното вооружување

Да потсетиме, Путин во своето обраќање во рускиот парламент пред два дена рече дека го суспендира учеството на Русија во договорот за контрола и ограничување на нуклеарното оружје Нов СТАРТ, договорен со САД. Притоа, тој се закани со последниот преостанат пакт кој ги регулира двата најголеми нуклеарни арсенали во светот.

Договорот беше потпишан од поранешните претседатели Обама и Медведев во април 2010 година.

Loading...

Тој стапи на сила во февруари 2011 година и требаше да трае до февруари 2026 година.

Со него САД и Русија се обврзаа да немаат повеќе од 700 интерконтинентални балистички ракети на копно и подморници и дека тие и стратешките бомбардери нема да имаат повеќе од 1550 нуклеарни боеви глави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Неможност за инспекции

Путин не најави повлекување на договорот, туку само негово суспендирање. Засега, таа суспензија вклучува недозволување редовни инспекции на руските нуклеарни сили за да се утврди дали Москва го почитува договорот.

Суспензијата може да се прошири и на воведување на нови интерконтинентални балистички ракети во оперативна употреба без Москва да ги распореди старите и со тоа да излезе од договорените ограничувања.

Без можност за директен инспекциски надзор, единствен начин на контрола ќе биде надзорот од сателити и разузнавачката работа, што само ќе резултира со зголемување на недовербата во и онака затегнатите односи.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го опиша овој потег на Путин како „лош и неодговорен“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Тој рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сѐ уште е подготвена да разговара за договор со Русија „во секое време, без оглед на тоа што се случува на друго место во светот“.

„Внимателно ќе набљудуваме што всушност прави Русија“

„Ние внимателно ќе набљудуваме што всушност прави Русија. Се разбира, ќе се однесуваме соодветно и ќе се обидеме да ја обезбедиме безбедноста на САД и нивните сојузници. Мислам дека е важно да продолжиме да се однесуваме одговорно во ова прашање. Остатокот од светот го очекува тоа и од нас“, рече Блинкен, според Си-Ен-Ен.

Loading...