Путин се надева дека Трамп ќе присуствува на Денот на победата во Москва

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се надева оти неговиот американски колега, Доналд Трамп, може да дојде во Москва за да го одбележи Денот на победата, 9 мај следната година.

Loading...

Путин на самитот БРИКС во Бразил рече дека Москва е подготвена да води разговори со Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека не планира да се сретне со Трамп пред предложениот датум.

Единаесеттиот самит на пет економии во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка (БРИКС) се одржува во главниот град на Бразил.

Leave a Reply