ПУТИН ПОВТОРНО ПРОИЗВЕДУВА ЕКРАНОПЛАНИ: Враќањето на „Каспиското чудовиште“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Русија повторно ќе произведува екраноплани- – тешко летало со крилја, кое ќе се користи за превоз на патници, но исто така и за воени дејствија.

Екраноплан е руски апарат кој може да лета над рамни површини (море, пустина или лед) користејќи аеродинамичка форма и отпор на воздухот кој го создаваат крилјата во однос на површината.

Со овој воз во Русија можете да патувате низ осум временски зони (видео)

Loading...

Рускто, а и претходно советското раководство посветиле големо внимание на проектирањето на овие машини. Било замислено тие да станат темел на идното војување.

Екранопланите не може да бидат забележани на радар, а подводните мини не им можат ништо.

Тој има и сериозни недостатоци. Поголемиот дел од екранопланите не може да летаат над нерамна површина. Немаат големи маневарски можности, не може да бидат блиндирани и не може да носат противвоздушно вооружување, така да се лесен плен за авионите „ловци“.

Името „Касписко чудовиште“ во целост одговара на експерименталниот екраноплан направен во 1966 година. Долг е 92 метри, со распон на крилја од 77,6 метри. Тоа било најголемото летало се до 1988 година кога бил направен авионот An-225 Мрија. За 15 години „Каспиското чудовише“ минало низ серија тестирања, за да се сруши во 1980 година.

Овие работи не смеете да ги правите во Русија

Проектот е прекинат, но послужил како основа за идните екраноплани.

Еден од потомците е „Орљонок“. Тој превезувал 150 патници и две борбени возила за пешадијата. „Орљонок“ можел да полета и да се приземји дури и за време на бура.

Екранопланите класа „Луњ“ се појавила во 1986 година и сериозно ги заинтересирале американските воени експерти.

Овој екраноплан бил долг 73 метри, а можел да развие брзина на движење поголема од 500 километри на час, т.е. бил нешто како крстосувачка ракета само пет пати побрз.

„Луњ“  бил вооружен со противбродска крстосувачка ракета P0270 „Москит“, така да претставувал опасност за носачите на авиони.

Што се крие под Москва? Мистерија од ходници, цел подземен моќен свет

Производството на екранопланите е продолжено и по распаѓањето на Советскиот СОјуз. Биле проектирани уште неколку вакви апарати со ограничени можности.

Денес во Русија повторно станува актуелна идејата за производство на тешки повеќенаменски екраноплани за цивилни и воени намени.

Екранопланот „Чајка 2“ (Галеб) ќе биде завршен 2019-2020 година.

Првата „Чајка“ е произведена во седумдесетите години од минатиот век. Новиот брод ќе биде користер и во цивилни и воени цели. Компанијата „Радар ММС“ која го проектирала овој апарат планира „Чајка 2“ да го извезува во Индија.

https://youtu.be/mFreoM0AEdw

И тој екраноплан може да биде вооружен со крстосувачките ракети „БраМос“.

„Чајка 3“ е проект на иднината. Не се познати детали, но се знае дека тој транспортен екраноплан ќе биде потежок од неговите претходници и ќе може да носи терет од 100 тони.