Путин најави „сериозен разговор“ со тајната служба

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе има „сериозен разговор“ со Федералната служба за безбедност (ФСБ) на земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Путин денеска ќе учествува на состанокот на Одборот на Федералната служба за безбедност. Претседателот ќе одржи говор, чиј дел ќе биде отворен“, рече Песков.

„Претежно, ќе се работи за сумирање на минатогодишните резултати на ФСБ и поставување на изгледите за следната година“, додаде тој.

Путин и се обрати на нацијата: Го суспендираме договорот за контрола на нуклеарното вооружување

Да потсетиме, обраќањето на Путин до нацијата пред една недела траеше околу час и 45 минути.

На крајот од говорот тој објави дека е суспендирано учеството на Русија во договорот за Нов почеток, кој беше потпишан со САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

Откако ги обвини НАТО и САД дека не соработуваат, тој рече:

„Затоа сум принуден да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за контрола на стратешкото оружје“. Сепак, тој нагласи дека ова не е повлекување од договорот.

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори истото.

Loading...

„Не напаѓаат, а сакаат да воведат инспекции? Тоа е апсурдно“

„На почетокот на оваа година добивме барање за инспекции на нашиот нуклеарен арсенал. Тоа е апсурдно. Знаеме дека НАТО е директно вклучен во нападите врз руските објекти и сили. Тие нѐ напаѓаат, а сакаат да воведат инспекции? Тоа е апсурдно“, рече Путин.

„НАТО и САД отворено кажуваат дека целта им е стратешки пораз на Русија. После тоа очекуваат да ги пуштиме во нашите капацитети? Нуклеарниот арсенал не е само во САД туку и во Франција и Британија. Тоа е целосно оружје насочени против Русија. Изјавите на нивните лидери тие го потврдуваат тоа. Тоа мора да го земеме предвид“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вагнер се враќа од Африка за напад на Харков

„Првиот договор за контрола на нуклеарното оружје беше потпишан со САД во 1991 година. После тоа нашите односи достигнаа такво ниво што САД и Русија рекоа дека повеќе не се сметаат за непријатели. САД го напуштија тој договор. Нашите односи пропаднаа. “, рече Путин.

„Тие сакаат да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија“

„Почнаа да ги уништуваат сите основи на светскиот поредок по Втората светска војна и чекор по чекор го уништуваат системот на светска безбедност и контрола на оружјето. Тие започнаа низа војни низ целиот свет, со иста цел – да уништи меѓународните односи по Втората светска војна. Од 1945 година ситуацијата се промени, тоа е објективен процес што не може да се игнорира. Она што е неприфатливо е што САД почнаа да го реструктуираат светскиот поредок во согласност со своите потреби“, тврди Путин додавајќи дека членките на НАТО сега велат дека Русија мора да ги слуша нивните барања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вдовицата на Алексеј Навални ангажирала телохранител: Не се плашам, но...

„Нивните бараа се или цинични или глупави. Тие не се глупави, тие сакаат да и нанесат стратешки пораз на Русија. Ви велам, ние не го напуштаме договорот засекогаш, го паузираме. Мораме да утврдиме што сакаат Франција и Британија“, рече Путин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.