Путин му ја честитал победата на Лула да Силва на изборите

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честитал победата на Луис Игнасио Лула да Силва на претседателските избори во Бразил, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Loading...

– Прифатете ги моите искрени честитки за победата на претседателските избори. Резултатите од гласањето го потврдуваат вашиот висок политички авторитет. Очекувам дека нашите заеднички напори ќе обезбедат понатамошен развој на конструктивната руско-бразилска соработка во сите области – рече Путин во честитката, а пренесува агенцијата ТАС С.

Рускиот претседател му посака на Лула да Силва успех во неговата важна работа како претседател на земјата, како и добро здравје и просперитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Вчера се одржа вториот круг од претседателските избори во Бразил, а врз основа на 100 отсто преброени гласови победи поранешниот претседател на таа земја, левичарот Луис Игнасио Лула да Силва со 50,9 отсто од гласовите.

Актуелниот шеф на државата, десничарот Жаир Болсонаро, доби 49,1 отсто поддршка од гласачите, објавено е на веб-страницата на Врховниот изборен суд.