Путин, Меркел и Макрон разговараа за Сирија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за кризата во Сирија со претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Тројцата лидери во телефонските разговори истакнале значителни понатамошни заеднички напори со цел спроведување примирје на кое повика и Советот на безбедност при ОН и тоа во целост и што побрзо, се наведува во соопштението на прес службата од Кремљ, јавува ТАСС.

Страните разговараа за прашања поврзани со Сирија во котекст на развојот на ситуацијата во источна Гута и обезбедување хуманитарен пристап во тие и други реиони на Сирија, се наведува во соопштението.

Како што истакнуваат, соговорниците изразиле задоволство што заедничката конструктивна работа помогнала во усогласување и усвојување на Резолуцијат ана Советот за безбедност при ОН 2401 на 24. февруари.

Претходно денес, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва очекува земјите кои ги поддржуваат антивладините сили во Сирија да обезбедат почитување на примирјето на кое Обединетите нации повикаа вреча со усвоената резолуција.

Со резолуцијата се бара 30-дневно примирје ширум Сирија за да се овозможи пристап на хуманитарна помош и медицинска евакуација.

Резолуцијата е усвоена откако сириските провладини сили седум дена по ред го бомбардираат предградието на Дамс кое е под опсада.

Иран и Сирија ќе ги продолжат нападите на предградието на Дамаск кој е во рацете на „терористите“, но во други делови на сириската територија ќе се почитува резолуцијата за примирјето, соопштуваат од Генералштабот на иранската војска.

Британската агенција потсетува дека повеќе претходни примирја бргу пропаднале во седумгодишната војна во Сирија.

Leave a Reply