Путин ќе се кандидира за нов претседателски мандат

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека на изборите следната година ќе се кандидира за нов шестгодишен мандат на чело на државата.

Путин ги објавил плановите за кандидатура на состанокот со ветераните и работниците во фабриката за автомобили GAZ во градот Нижниј Новгород, пренесува „Tass“.

ОВА СЕ ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН: Марија и Екатерина имаат огромни богатства (фото)

Loading...

– Да, ќе се кандидирам за претседател на Русија, рекол Путин и додал дека не можел да пронајде подобро место и момент да ја објави својата кандидатура.

Рускиот претседател најавил претходно на церемонијата за доделување награди за млади доброволци дека наскоро ќе донесе одлука за кандидатура на изборите на 18 март.

Тој тогаш рекол дека одлуката ќе на донесе во најблиска иднина и дека ќе го има предвид денешниот договор со младите доброволци и нивната реакција.

Како изгледа кога Путин ќе излезе на пијалок со пријателите? (видео)

Рејтингот на претседателот на Русија е над 80 отсто. Покрај Путин, веројатно ќе се кандидира и ултранационалистот Владимир Жириновски и либералот Григори Јавлински, како и телевизиската водителка Ксенија Собчак, ќерка на пораншен градоначалник на Санкт Петербург кој бил ментор на Путин во деведесетите години.