Путин ја презеде функцијата со ново блиндирано „чудо“ од автомобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На свечена церемонија рускиот старо-нов претседател Владимир Путин положи заклетва, откако во март повторно победи на претседателските избори во Русија. На свеченоста пристигна во новата претседателска лумизцина, која е произведена во Русија и токму тука имаше своја премиера.

ОВА СЕ ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН: Марија и Екатерина имаат огромни богатства (фото)

Loading...

Автомобилите од оваа генерација се развиени во програмата „Кортеж“ и сега ги заменува германските автомобили кои претходно ги имаат користено руските претседатели.

Русија не користела домашни автомобили за превоз на руските владетели уште од советско време. Поради тоа проектот „Кортеж“ е престиж и ги демонстрира технолошките и индустриски можности на Русија.

 

 

Сите светски медиуми ја пренесоа веста за блиндираниот автомобил на Путин, а сите се сложија дека нема рамен и дека е апсолутно достоен за рускиот претседател.

Само неколку нации користат автомобили од домашно производство за превоз на своите функционери.

Првиот странски модел кој е користен за превоз на претседателот на Русија беше Мерцедес Ес класа, купен во време на Борис Јелцин. Заменет е со понови модели, но сепак брендот останал ист.

Како изгледа кога Путин се вози низ улиците во Москва? (видео)

Претседателската лимузина мора да биде отпорна на куршуми, да има специјални гуми и да има низа комуникациски опреми.

Претседателите Јелцин и Медведев користеа Ес класа Мерцедес Бенз, додека Путин користеше лимузина Гард.

Претседателскиот авомотил го следи полиција на мотори и серија возила во вид на поддршка.

Leave a Reply