Пуштена во употреба улицата „Крушевска република“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Улицата „Крушевска република“, поточно крак од улицата „Боро Прцан“ доби бекатон, а денес во употреба официјално ја пушти градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски со претставници од локалната самоуправа и членови на Советот на Општина Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”396″]

 

Реконструкцијата на оваа улица, како што истакна Дамјановски е завршена веќе пред половина месец, но поради рамазанските празници сега официјално се пушта во употреба.

Ова е еден паралелен проблем кој постои во овој дел на градот кој е стара урбана заедница многу декади наназад, меѓутоа со решавање на канализационата мрежа се отвори можност и еве завршен е овој проект. Останува уште едно кракче од улицата „Осоговска“ која е во потег на изработка на канализациона мрежа со што ќе се заврши овој ифраструктурен проблем на овој дел кој е густо населен, мултиетнички и е пример за една граѓанска, односно соживот и мултикултурно живеење – рече Дамјановски.

 

Проектот чини 1,8 милиони денари и има површина од околу 1870 квадратни метри, а со овој проект се решени горчиливите проблеми на граѓаните за кои претходно на прес конференција алармираше и локалната опозиција.

Паралелно во следниот период ќе ги зацртаме сите проекти, значи десет илјади квадратни метри бекатонирање и триесетина илјади квадратни метри асфалтирање – додава Дамјановски.

Патиштата кон Биљановце, односно Бабин дол, како и дел од улицата „30 Јули“ и „6 Април“ во текот на летото ќе бидат завршени, а со почетокот на есента се очекува нов бран асфалтирање и бекатонирање со површина од 30 илјади километри.