Пуштена во употреба улица „Романовска“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Жителите на улицата „Романовска“ во населбата Тоде Мендол од денес ќе чекорат и возат по нов асфалтен пат.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”397″]

 

Градоначалникот Зоран Дамјановски и претставници од локалната самоуправа и советници од Општина Куманово денеска свечено го пуштија во употреба ново-асфалтираниот пат и се сретнаа со жителите на овој дел од градот.

Проектот е завршен пред 20 дена, 2.000 метри е квадратната површина, а вредност милион и петсто илјади денари. Тоа е дел од таа развојна програма, како што кажавме во овој дел од градот ќе се завршат во скоро време „Свето Станковски“, „Перо Илиевски“, онаа улица на која зврши комуналната инфраструктура, значи приклучување на канализационата мрежа – рече градоначалникот Дамјановски.

Асфалтирањето е во рамките на реконструкција и изградба на околу 30 илјади квадратни метри асфалтирани патишта низ приградските населби во Куманово. Во тек е работа на уште неколку локации, а веќе на есен ќе следува нов бран реконструкции при што голем дел улици ќе добијат бекатон или нов асфалт.