Пушки и автоделови запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите три недели, царинските службеници прoнајдоа 13 мигранти без документи за идентификација и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при штопривремено се задржани воздушни пушки, пригушувачи, оптички нишани и муниција за нив, риби и рибарски мрежи, употребуван погонски мотор за моторцикл, автоделови, цигари, додатоци на сихраната, бижутерија и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Четири парчиња аир софт пушки, две парчиња пригушувачи за аир софт пушки и 3 парчиња
дијаболи за аир софт пушки, откриени при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените аир софт пушки, пригушувачи и муниција за нив се пронајдени во кутија сместена на задното седиште, во делот за резервната гума во багажниот простор на возилото и под п патосницата. Стоката е привремено одземена, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Едно парче употребуван погонски мотор за моторцикл марка SUZUKI GSX-R, бил откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на комбе со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот мотор бил сместен во картонска кутија и истиот е привремено одземен, а против возачот е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

 

Loading...

 

Девет автоделови (интеркулер, ладилник, фарови, казанче за вода, кутија за филтер за воздух, предна маска, држач за браник и пластично крило), биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во кабината под совозачкото седиште, под креветот и во фиоките зад совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply