Пукање во село Никуштак од автомобил во движење

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 22,20 часот телефонски во Полициската станица Матејче било пријавено дека од возило кое се движело во центарот на селото Никуштак, било пукано со огнено оружје во воздух, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, при што во центарот на с.Никуштак, поточно на коловозот биле пронајдени пет испукани чаури, најверојатно од автоматска пушка, кои се подигнати за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.