Пукање во село Лопате – полицијата го блокираше излезот кон Куманово

Сподели со своите пријатели

Некаде после 21 часот, жителите на село Лопате, со фотографија испратена до редакцијата на Кумановски Муабети, информираа дека во селото има зголемено присуство на полицијата, откако одекнала стрелба од огнено оружје.

Loading...

Жителите на селото, испаничени поради ситуацијата, информираа дека излезот од селото кон Куманово преку железничката пруга бил блокиран од страна на полицијата.

11836394_10206012230057520_2056738776_o

Во момент на изготвувањето на информацијата, од кумановската полиција дознаваме дека се работи за вооружена престрелка на локални жители, и не се пријавени човечки жртви.

Според СВР Куманово, во престрелката има ранети лица.