Психијатар оцени: Брејвик опасен како и пред 10 години

Сподели со своите пријатели

Андерс Беринг Брејвик, кој побара условно ослободување 10 години по извршувањето на најсмртоносниот напад во Норвешка во мирнодопски услови, е исто толку опасен за општеството како и пред една деценија, е резултат на психијатриска анализа презентирана пред судот.

Loading...

Неонацистот Брејвик во 2012 година беше осуден на најмногу 21 година затвор, а тој период може да се продолжи се додека се смета за закана.

– Ризикот од идни акти на насилство не е променет од 2012 и 2013 година, кога ги извршив првите проценки – изјави психијатарот Ренди Розенквист на судското рочиште, додавајќи дека сѐ уште боледува од асоцијално, хистерично и нарцисоидно пореметување на личноста.

На 22 јули 2011 година, Брејвик активираше бомба во близина на седиштето на владата во Осло и уби осум лица, а потоа уби уште 69 луѓе на островот Утоја, главно млади лабуристи.