Првото летечко такси во светот: Наместо 45 минути, на вашата дестинација пристигнувате за 15

Сподели со своите пријатели

Вака лидерите на Рим ја гледаат иднината на избегнување гужви во градот, најдобро од се е фактот што оваа иднина е еколошки и одржлива.

Loading...

Сите патници кои ќе слетаат во Рим од 2024 година ќе имаат можност да се возат со авионско такси од аеродромот до центарот на градот, првото такси од ваков вид во светот.

Овој проект е соработка помеѓу аеродромот Fiumicino и германскиот стартап Volocopter.

 

 

Воздухопловното такси е всушност модерен хеликоптер со електричен погон, а за почеток ќе има варијанта со две седишта.

Од управата на аеродромот посочуваат дека возењето со овој хеликоптер би траело петнаесет минути, што е револуција во однос на досегашната практика, бидејќи стандардното возење со автомобил трае најмалку 45 минути.

Loading...

Цената на едно возење не е ситница, ќе чини околу 150 евра по човек, но планот е превозот со текот на времето да биде покомерцијален и поевтин.