Први поморски вежби меѓу Јужна Кореја и САД по пет години

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја и САД ги започнаа своите први заеднички поморски вежби во последните пет години во близина на Корејскиот полуостров, еден ден откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета со краток дострел.

Loading...

САД се воен сојузник на Јужна Кореја, каде што се стационирани околу 28.500 американски војници за да ја заштитат земјата од северниот сосед вооружен со нуклеарно оружје.

Конзервативниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, кој дојде на власт во мај, се обидува да го зајакне тој воен сојуз по неуспешните напори на претходната јужнокорејска влада да постигне дипломатско зближување со Пјонгјанг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го обвини Трамп за новите ограничувања на правата за абортус

„Вежбите се подготвени да ја покажат силната волја на јужнокорејско-американската алијанса да одговори на севернокорејските провокации“, соопшти јужнокорејската морнарица.

За време на четиридневните вежби ќе бидат ангажирани повеќе од 20 бродови, меѓу кои и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон УСС Роналд Реган, како и бројни борбени авиони и хеликоптери.

Вежбата ќе се состои од симулација на поморска и противподморничка војна, тактички маневри и други поморски операции, соопшти морнарицата.

Вежбите започнаа еден ден откако Пјонгјанг изврши тестирање на балистичка ракета, само последен во долгата серија тестови што започнаа пред неколку месеци.

Северна Кореја, која е вооружена под меѓународни санкции поради своите програми, на почетокот на септември усвои нова доктрина со која изјави дека никогаш нема да се откаже од своето нуклеарно оружје.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

Вашингтон и Сеул веќе подолго време организираат заеднички воени вежби. Тие истакнуваат дека вежбите се од целосно одбранбен карактер, но Северна Кореја ги смета за генерална проба „за идна инвазија“ на нејзините територии.