Први места за учениците од ССОУ ”Киро Бурназ” на натпревари за лидер во струка

Сподели со своите пријатели

Учениците на ССОУ „Киро Бурназ“ се вратија со многу награди  од меѓуучилишните активности за избор на најдобар ученик – ”Лидер во струката” од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Loading...

12333974_1103948309630379_957168159_o

 

На натпреварот ”Лидер на струка” во организација на Центарот за стручно образование, на кој учество земаа и учениците од ветеринарната и хемиско – технолошка струка, во профилот техничар за фармерско производство, учениците од ССОУ ”Киро Бурназ” земаа прво и второ место.

12333000_1103948322963711_1262697102_o

 

Изборот се организира за да се покажат, докажат, вреднуваат и рангираат знаењата, умеењата, вештините, способностите и вредностите на учениците по стручните предмети во рамките на струката. Ние како училиште сме горди на успесите на нашите ученици, вели директорот на Земјоделското училиште, Весна Трајковска.

На натпреварот кој се одржа во Прилеп, од профилот прехранбен техничар, учениците од ССОУ ”Киро Бурназ” од Куманово го освоија четвртото место.

Loading...