Првата станица за замена на автомобилски батерии во Европа беше пуштена во употреба во Норвешка

Сподели со своите пријатели

Кинескиот производител на електрични автомобили НИО ја пушти во употреба првата станица за замена на батерии во Европа.

Loading...

До крајот на 2022 година, возачите на електрични автомобили во Норвешка ќе имаат на располагање уште 20 такви станици.

Според energetskiportal.rs, целиот процес е многу едноставен – кога возачот ќе забележи дека е потребно да ја наполни батеријата, едноставно застанува на станицата и за пет минути ја заменува празната батерија со полна и продолжува по својот пат.

 

 

НИО ја избра Норвешка како почетна точка за освојување на пазарот во Европа.

Новитетот доаѓа во време кога компанијата го претставува моделот НИО ES8 кој е првиот електричен автомобил направен за овој пазар.

Loading...

Автомобилот е опремен со батерија со капацитет од 100 kWh и со едно полнење може да помине околу 500 километри и има можност за замена на батеријата.

Оваа година компанијата НИО планира да отвори станици за замена на батерии и во други европски градови. Германија е една од земјите кои во иднина ќе добијат една ваква станица.

Energetskiportal.rs известува дека во Кина, НИО веќе има повеќе од 700 станици за замена на батерии, а планот е да инсталира 4.000 (вклучувајќи 1.000 надвор од Кина) до крајот на 2025 година.