Првата група бегалци од Авганистан пристигна на Косово

Сподели со своите пријатели

Првата група авганистански бегалци пристигна на аеродромот во Приштина од германската база Рамштајн.

Loading...

Првата група се состои од околу 111 бегалци, и тие ќе бидат сместени во кампот на американско-турската градежна компанија Бехтел Енка, која се наоѓа во близина на американската воена база Бондстил, пренесува КоССев.

Станува збор за авганистански државјани кои работеле за НАТО во Авганистан.

Тие беа пречекани од највисоките претставници, косовскиот премиер Албин Курти и претседателката Вјоса Османи, како и американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет.

Премиерот Курти рече дека им посака добредојде и рече дека се безбедни овде.

„Чест ни е што имаме можност да им помогнеме на овие бегалци. Кога станува збор за нашите сојузници, тогаш прашањето не е зошто, туку само како можеме да помогнеме”, рече тој.

Претседателката Османи рече дека „не само што ја отворивме вратата, туку и нашите срца. Ние најдобро знаеме како е да се напушти својата куќа”, рече Османи.

Инаку, Косово, според најавите, ќе обезбеди сместување за околу 2.000 авганистански војници, кои ќе бидат сместени во различни сместувачки центри.

Loading...