Првата генерација од Учителската школа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Народниот одбор на Кумановската околија во 1959/60 учебна година при Гимназијата отворил три педагошки паралелки – две први и една втора.

Во 1962 година педагошките паралелки се одделиле како Учителска школа „Професор Мијалковиќ“. Токму таа година школата ја дала и првата генерација млади учители, кои веќе истата есен стапиле во работен однос во кумановските училишта.

Од 34 ученици во четврта година, на право класот о завршиле 26, а само осум го повториле класот или се упатиле на поправни испити. По оценката на Републичкиот и Околискиот завод за школство, ученици се здобиле со сите пторебни знаења и квалитети со успех да ја завршуваат својата благородна задача – возпитувањето на младите поколенија.

Сите со успех го положиле и првиот испит на својата практична работа во основните училишта во градот.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 15 (петок, 1 јуни 1962. година)

Leave a Reply