ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Починал додека бил во виртуелна реалност

Сподели со своите пријатели

Според објавата на руската новинска агенција ТАСС, жител на Москва пичинал среде тешки повреди, кои ги задобил додека по станот се движел со приклучен уред за виртуелна реалност.

Од рускиот истражувачки комитет во Москва за ТАСС ги изнеле првите резултати од истрагата.

Виртуелна личност стана граѓанин на Токио

Loading...

– Според прелиминарните информации, московецот чиј идентитет не се открива, за време на движење по станот со ВР очила, се сопнал и при падот удрил во маса, поради што претрпел тешки повреди поради кои починал на лице место, поради губиток на голема количина крв, рекле од комитетот.

Моментално не се познати дополнителни детали за кој уред станува збор, како ни колку е користен.

Секако, тоа не значи дека сите ВР уреди се небезбедни и пасни, туку дека е потребно да водите грижа за тоа во какво се опкружување и светот на виртуелната реалност, каде не смее да биде простор со опасни предмети или пречки во околината.