Проверете колку треба да чекате додека алкохолот излезе од вашиот организам

Сподели со своите пријатели

Голем број загинати во сообраќајот страдаат од несреќи во кои учествувале возачи под дејство на алкохол.

Loading...

Многу возачи мислат дека се подготвени да возат половина час или еден час после пијачка, но тоа не е точно. Алкохолот останува во организмот подолго време. Во Велика Британија, една четвртина од возачите беа казнети за возење во пијана состојба помеѓу 5 и 11 часот.

Значи, по конзумирање навечер или во текот на ноќта, алкохолот се задржува во телото и возачите сè уште не се подготвени да седат зад воланот на автомобил, пишува списанието ХАК.

 

 

Ефектот на алкохолот зависи од полот, возраста, метаболизмот, тежината на потрошувачот, видот на алкохол, она што сте го јаделе пред да пиете, нивото на стрес на кое сте изложени.

Британската организација за безбедност на патиштата Road Respect ја анализираше потрошувачката на алкохол и способноста за возење и издаде препораки за тоа колку да се чека после пијалок, односно колку алкохол останува во организмот.

Loading...

 

 

Еве ги резултатите:

Чаша вино (13,5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 3,5 часа

Два пијалоци – 7 часа

Три пијалоци – 10,5 часа

Loading...

Четири пијалоци – 14 часот.

Пет пијалоци – 17,5 часа

Чаша жестоки пијалоци (40 проценти алкохол)

Еден пијалок – 1,5 часа

Два пијалоци – 3 часа

Три пијалоци – 4,5 часа

Четири пијалоци – 6 часа

Пет пијалоци – 7,5 часа

Loading...

 

 

 

Чаша пиво (5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 2,5 часа

Loading...

Два пијалоци – 5 часа

Три пијалоци – 7,5 часа

Четири пијалоци – 10 часа

Пет пијалоци – 12,5 часа

 

Loading...

Leave a Reply