Протест против аерозагадувањето во недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Под мотото „Куманово се груши“во недела со почеток во 11:55 часот пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи протест поради аерозагадувањето во Куманово.

Loading...

Организатор на протестот е граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, од каде преку социјалните мрежи ги повикуваат граѓаните да излезат и да дадат поддршка на иницијативата.

– Ова е граѓански крик, повик да излезеш и ти и да побараш ЗДИВ за себе и своите најблиски! Биравме политичари кои нудеа решенија, меѓу другото, токму и за овој проблем – чист воздух и сега бараме испорака на ветеното! Бараме да изнајдат и преземат мерки, зашто токму за тоа ги плаќаме! Бираме живот, не бавна смрт! Затоа дојди и ти за заедно да покажеме дека здравјето ни е најважно, стои во описот на настанот на социјалните мрежи.

Протестот симболично ќе започне во 5 до 12 односно 11:55 часот.

Leave a Reply