Протекоа првите детали од извештајот за НЛО што треба да стигне во американскиот конгрес!

Сподели со своите пријатели

Првите детали за специјалниот извештај за НЛО, што американскиот Конгрес треба да го добие подоцна овој месец, излегоа во јавноста.

Loading...

Според неименувани извори цитирани од американските медиуми, во истиот, американските разузнавачки експерти заклучиле дека нема докази дека станува збор за вонземска технологија.

Долго очекуваниот извештај за НЛО, кој треба да пристигне во Конгресот на САД кон крајот на овој месец, ќе вклучува меѓу заклучоците дека предметите од снимките на морнарските пилоти создадени во последните неколку години не се ниту тајна американска технологија, Пренесува CNN повикувајќи се на неименуван извор.

 

 

Овие се всушност пет неименувани извори запознаени со резултатите од извештајот, чии детали први ги објави Њујорк Тајмс.

Иако извештајот ќе заклучи дека не станува збор за технологија за вонземјани, бидејќи нема докази за тоа, три од петте извори тврдат дека истиот извештај ќе остави можност дека станува збор за технологија за вонземјани, секако, доколку се најдат докази.

Loading...

 

Што би се случило доколку откриеме дека постојат вонземјаните? Еве што за тоа вели Барак Обама!

 

Во извештајот исто така ќе се наведе дека не може да се исклучи можноста тоа да се објекти на американски противници, претежно Кина или Русија, што може да биде најлошото сценарио, бидејќи тоа би го ставило прашањето за американската национална безбедност веројатно меѓу најлоши проблеми.

– Вознемирувачко е без оглед како го гледате, знаете. Дали е вонземски живот или нашите противници или некој друг имаат способности што надминуваат сè што имаме во однос на разбирање, следење и запирање на заканата? Од која страна и да погледнете, работата е многу лоша, вели Мајкл Валц, републикански член на Комитетот за вооружени сили.

Секој што се надева на барем малку потврда за вонземски контакт, веројатно ќе биде разочаран по официјалното објавување на извештајот, но самиот факт дека американската војска и разузнавањето се вклучуваат во сериозна дебата на оваа тема е дефинитивно чекор напред.

Leave a Reply