Прославил 146 роденден, единствена желба му е да умре (видео)

Сподели со своите пријатели

Мбах Гото од Индонезија во чија лична карта пишува дека е роден на 31 декември 1870 година го прославил својот роденден со внуците. Своите деца, четирите жени и десетмина браќа и сестри ги надживеал, а вели дека тајната на долговечноста е трпението.

Мбах Гото живее во мало село во Индонезија, а 146 родеден го прославил со внуците. На роденденската забава дошле и соседите, а Гото бил насмејан додека му ја пееле роденденската песна. Овој старец наводно сите свеќички ги изгаснал одеднаш.

 

Loading...

Признава дека од 1992 година, кога ја нарачал надгробната плоча се подготвува за смрт. Меѓутоа, 24 години подоцна Гото се уште е жив. Минатата година во изјава за News Netwoek, рекол дека желба му е да умре, затоа што се чувствува слабо и внуците и правнуците мора да го капат и хранат.

 

Неговите внуци велат дека овој пензионер поголемиот дел од времето го минува слушајќи радио. Неговите години ги потврдува и матичниот уред во Индонезија во кој се пронајдено документи за неговото раѓање. Сепак, ако не се откријати некои независни докази за неговите години тој нема да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстара личности во историјата.