Проширен опфатoт на ранливи категории граѓани кои можат да аплицираат за субвенции за комуналии во Куманово

Сподели со своите пријатели

Проширен е опфатот на социјално ранливи категории граѓани кои можат да се пријават за субвенции за комунални услуги кои ги доделува општина Куманово за оваа година, информираа денеска надлежните од секторот за социјална заштита.

Loading...

– На последната седница на советот беше изгласана измена и дополнување на претходната одлука, така што покрај останатите граѓани од социјален ризик, субвенции за сметките за вода и смет ќе добиваат и слепите и глувите лица, изјави раководителот на секторот, Цоки Ристовски.

Барањата можат да се подигаат до 15 март во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак” спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита). Барањата со потребна документација треба да се доставуваат до архивата на општина Куманово најдоцна до 15 март.

Општината Куманово за оваа година одвои десет милиони денари за субвенции за комуналии за повеќе категории граѓани. Согласно, објавата заинтересираните треба да достават повеќе документи за лична идентификација, сметки за вода и ѓубре не постари од три месеци, потврди од училишта, од центар за социјални работи и слично.

Leave a Reply