Пропадна првото лансирање на сателит од Британија

Сподели со своите пријатели

Првиот обид за лансирање на сателит од Велика Британија не успеа во понеделникот нешто пред полноќ, кога компанијата за лансирање Virgin Orbit, објави „аномалија“ што ја спречи ракетата да стигне до орбитата.

Loading...

Мисијата Start Me Up полета од пистата на аеродромот Cornwall Newquay со ракетата на Virgin’s LauncherOne носена под крилото на модифицираниот Боинг 747 и подоцна пуштен над Атлантскиот Океан.

Но, нешто пред полноќ претставник на Virgin Orbit во директен пренос објави дека ракетата претрпела „аномалија“ поради која не успеала да стигне во орбитата.

„Се чини дека имаме аномалија што не спречи да стигнеме до орбитата. Ги оценуваме информациите“, соопштија од Virgin Orbit.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

Ракетата требаше да го запали својот мотор на височина од околу 10 илјади километри над Атлантикот и да однесе девет мали сателити, со различни цивилни и одбранбени апликации, во орбитата на Земјата.

Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) ја овласти Вирџин Орбит, делумно во сопственост на милијардерот Ричард Бренсон, да го изврши првото британско вселенско лансирање.

Стотици луѓе го следеа полетувањето на Боинг 747 со ракета во Њукеј околу 22 часот и 15 минути, додека од звучниците ечеше песната Start Me Up на Ролинг Стоунс, по која беше именувана мисијата.

Тоа требаше да биде прв пат сателитите да бидат лансирани од Европа.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Неуспехот задава дополнителен удар на европските вселенски амбиции откако италијанската ракета Вега-Ц не успеа по полетувањето од Француска Гвајана кон крајот на декември.