Пропадна аукцијата, најскапото Порше останува во гаражата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На познатата аукциска куќа „Сотби“ и се случи најголемиот пропуст откао постои на пазарот и тоа при продажба на најскапиот автомобил на сите времиња „Porsche Type 64“.

Loading...

Наместо најавуваната почетна цена од 20 милиони долари, аукцијата стартувала со 30 милиони. Меѓутоа, почетниот износ не бил најголемиот проблем тој ден.

На аукција револверот со кој Ван Гог се обидел да се самоубие

Бидејќи цената вртоглаво почнала да расте и кога достигнала конечни 70 милиони долари, на екранот одеднаш се прикажал износ од 17 милиони.

До ова досега невидена грешка дошло поради акцентот на водителот на аукцијата. Имено, операторот на екранот погрешно го слушнал водителот на аукцијата и внел 30 милиони наместо 13, 40 наместо 14 и така натаму.

На аукција уметнички дела пренесени од нацистичка Германија во САД

Во тој момент, сите заинтересирани купувачи започнале да мавтаат и да ја напуштаат просторијата, а долгоочекуваната аукција била прекината.

„Porsche Type 64“ е познат спортски модел на автомобил кој е произведен пред почетокот на Втората светска војна, а денес е единствениот преостанат примерок на пазарот.

Loading...

Leave a Reply