Пронајденото безживотно тело е на исчезнатиот кумановец

Сподели со своите пријатели

Телото кое утринава беше пронајдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во населбата Доброшане е на Б.И. (30) кој од сабота се води за исчезнат.

Според извори од истрагата на телото имало прострелна рана во пределот на десната слепоочница, а на самото место е пронајдена чаура, а иамало и многу траги од крв околу бунарот. Истражните органи ги собрале сите физички и биолошки докази по што ќе бидат предадени на вештачење.

Инаку рано утринава жители од населбата во полиција пријавиле дека има леш во бунарот, по што полиција, јавен обвинител територијална противпожарна екипа изглегле на терен и учествувале во извлекувањето на безживотното тело.

Телото ќе биде предадено на обдукција, а лицето во сабота беше пријавено за исчезнато, откако кај месноста Бејтови ниви му се губи секаква трага кога другарот со кој излегувал тука го оставил со автомобил, а Б.И. никогаш не се вратил дома.

Семејството, пријателите и полицијата со денови активно трагаа по него, но освен неговите два мобилни телефони кои биле скршени не пронашле ништо друго.

Едно лице е осомничено и приведено, а во неговиот дом се врши претрес. Истрагата ќе ги покаже деталите за целиот случај, по што ќе се знае дали станува збор за убиство.

 

Loading...