Пронајдено е антитело кое ги неутрализира сите варијанти на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Кинеските научници тврдат дека изолирале антитело што може ефикасно да ги неутрализира сите видови на коронавирус, повикувајќи се на лабораториски експерименти, но и оние на жив организам.

Loading...

Во студијата објавена во вторникот, кинеските научници од различни институции, вклучително и Универзитетот Сун Јат Сен во Гуангжу и Универзитетот Жеџијанг во Хангжу, сугерираа дека би можеле да имаат решение за пандемијата на Ковид 19.

Авторите тврдат дека моноклоналното антитело 35B5 во лабораториски услови, но и во истражување спроведено на жив организам, се покажало дека го неутрализира типот на ковид 19 без мутации, но и оние варијанти кои предизвикуваат загриженост. Истражување на живи организми е спроведено на хуманизирани глувци.

 

Тедрос: Светот создава токсични рецепти за нови соеви

 

Научниците, исто така, забележале дека антителото делува на „многу мутирана“ делта варијанта, која е одговорна за смртоносните бранови на инфекција ширум светот, откако првпат се појави во Индија на почетокот на оваа година.

35B5 го неутрализира коронавирусот со таргетирање на еден епитоп (делот од антигенот што имунолошкиот систем го препознава) кој ги избегнува местата на мутација. Со други зборови, 35B5 цели на еден дел од вирусот кој не се менува за време на процесот на мутација.

Loading...

Насочувајќи го делот од вирусот кој не е засегнат од мутации кои се сметаат за загрижувачки, антителото 35B5 покажало ефикасна способност да се неутрализира во неколку различни видови.

 

„Време е Европската унија да „размисли за задолжителна вакцинација“

 

Научниците тврдат дека ова откритие може да се искористи за создавање универзална вакцина против коронавирусот.

Делот од антигенот што го таргетира антителото 35B5 е присутен и во омикронската варијанта, забележуваат научниците.

Ова истражување може да се покаже особено вредно во време кога силно мутираниот омикрон се шири низ светот.

Водачите и научниците ширум светот се загрижени дека омикрон би можел успешно да го заобиколи имунитетот создаден со вакцинација или природна инфекција.

Loading...