Пронајдени тела во близина на гробишта во Софија

Сподели со своите пријатели

Тела на седум постари лица се пронајдени во шума во близина на гробиштата во близина на бугарската престолнина Софија, соопшти денеска локалната полиција.

Loading...

Полицијата вели дека првичната истрага покажува дека тие луѓе, чии тела биле закопани во шума, најверојатно починале од природна смрт, пренесе АП.

 

МАСАКАР ВО АМЕРИКА: Средношколец уби 19 ученици и 2 наставници

 

Инспекторите се сомневаат дека се работи за штитеници во домовите за стари лица во Софија, кои таму биле незаконски погребани по нивната смрт, како дел од незаконска шема за наплата на трошоци за погреб.

Во врска со случајот е уапсен 51-годишен службеник на погребалното претпријатие и обвинет за припадност на поголема криминална група која ги земала телата на починатите од домовите за стари лица, наводно планирајќи кремирање, наместо да ги закопа во шумата во близина на гробиштата.