Пронајдени револуционерни докази за развојот на животот на Земјата

Сподели со своите пријатели

Научниците во каменолом во Габон, откриле револуционерни докази за развојот на животот на земјата – можноста на првобитните живи организми сами да се поместуваат.

Loading...

Како што наведува Ројтерс, научниците пронашле одлично зачувани фосили во црвена карпа стара 2,1 милијарда години. Тука пронашле и цевчести структури кои ги направиле живи организми кои се движење низ реткото блато.

Фосилите датираат од периодот кога животот започнувал да еволуира во покомплесни видови.

Животот се појавил во океаните на Земјата пред околу четири милијарди години, но најраните форми на живот не биле способни самостојно да се движат.

Leave a Reply