Пронајдени гробници стари три милениуми

Сподели со своите пријатели

Грчкото Министерство за култура соопшти дека во близина на градот Неме на југот на земјата пронајдени се две недопрени гробници кои датираат од 1400 до 1200 година пред новата ера.

Loading...

Тоа подрачје е познато по мноштво гробници, но поголемиот дел биле ограбени пред да бидат пронајдени, пренесува Ап.

Министерството навело дека во новооткриените гробници има две комплетни погребани личности, ако и коски на 14 лица кои биле преместени од други гробници.

Ископувањата на гробиштата Ајдонија започнале во доцните седумдесети, откако локацијата на која се наоѓаат гробниците од 1700 до 1100 година пред новата ера, веќе биле прилично ограбени, веројатно неколку година претходно.ж

На локацијата е пронајден древен накит, а се испоставило дека неколку парчиња накит кои се појавила на ауцкија во Њујорк во 1993 година потекнувале од тој локалитет и накитот подоцна и бил вратен на Грција.

Leave a Reply