Пронајдени човечки остатоци кои припаѓаат на семејството Романови

Сподели со своите пријатели

Човечки остатоци пронајдени измеѓу 1993. и 2006. година кај Екатерининбург припаѓаат на некогашниот руски цар Николај Втори, членови на неговото семејство и придружба, покажала молекуларно генетичките испитувања.

Истражниот комитет на Русија навел дека седум од 11 пронајдени остатоци припаѓаат на членови на едно семејство, вклучувајќи мајка, татко, син и четири ќерки, пренесува агенцијата ТАСС.

– Резултатите од споредувањето на генетскиот профил од пронајдени остатоци со примероци на живи потомци на семејството Романов, и по машка и по женска линија, докажуваат дека остатоците припаѓаат на Николај Втори и членовите на неговото семејство, се наведува во соопштението.

Тоа го потврдуваат и резултатите од споредувањето на остатоците од поранешниот цар Александар Трети, таткна Николај Втори.

– Резултатите од истражувањето со цел воспоставување на генетска врска помеѓу царот Алексадар Трети и починатите лица идентификиван како цар Никола Втори, докажуваат дека се работи за татко и син, наведува Комитетот.

Истрагата за смртта на Николај Втори и неговото семејство е отворена во 1993. година.

Loading...

Никола Вторил бил руски цар од 1894. до1917. година, кога се откажал од престолот за време на Француската револуција.

Утре се навршуваат 100 години откако бољшевиците во Екатерининбург го стрелале бившиот цар и членовите на неговото семејство, нешто повеќе од осум месеци по преземањето на власта во Октомвриската револуција.

На следната страница прочитајте повеќе за царот Николај Втори

Pages: 1 2

Leave a Reply