Пронајдена украдена статуа на Афродита стара 2.000 години

Сподели со своите пријатели

Грчката полиција соопштила дека пронашла 2.000 години стара статуа од античката божица на љубовта Афродита, која со голем број антиквитети, била украдена од складиште на островот Санторини.

Мажот кој наводно се обидел да продаде 80 сантиметри висока мермерна статуа приведен е во Лутраки, на југот од земјата.

Двајцата Грци се идентификувани како можни соучесници, јавува АП.

 

Loading...

Оваа година ноќниот чувар и уште еден човек се приведени поради кражбата од складиштето во Санторини.

Од тогаш пронајдени се дваесетина антиквитети, но не е познато колку вкупно биле украдени.

Leave a Reply