Пронајдена сокриена карпа која го штити светот од поплави: Откритие по 100 милиони години

Сподели со своите пријатели

Американските научници откриле древна тектонска плоча која ги спречува последиците на топењето на мразот на Антарктик. Оваа плоча служи како клучна бариера која спречува лизгање на мразот од Антарктикот во океанот.

Loading...

Карпата била сокриена под земја стотици милиони години. Тоа е ледена бариера која за 20 отсто го успорува лизгање на мразот во океанот, што е еквивалент на порастот на нивото на морето за околу 11,6 метри. Кога ќе се земат предвид сите податоци, откритието на американските научници е многу важно, пишува порталот „Саенс алерт“.

НАСА предупредува: Џиновски глечер се одвојува од Антарктикот

Истражувачите ја откриле оваа карпа благодарение на резултатите на истржаувачкиот систем Ајспод.

Овој уред може да мери височина, дебелина и внатрешна структура на мразот, како и да пресретне магнетни и гравитациони сигнали од подземните карпи.

Системот исто така снима низ мразот на длабочина од неколку стотина метри за да детектира структури кои сателитите не се во сосотјба да ги идентификуваат.

Што се случува под Антарктикот? Научниците снимиле страшни звуци!

Според студијата, оваа карпа која се наоѓа меѓу истокот и западот на Антарктик создала поделба на континентот и ледена бариера.

Loading...

– Гледаме дека оваа геолошка бариера го прави морското дно на истокот на Антарктик подлабоко отколку на Западот и влијае на начинот на кој водата циркулира под ледените структури, вели авторката на студијата, професорката од Колумбискиот универзитет Кристи Тинто.

Фото: Printscreen Youtube/Earthly

Leave a Reply