Пронајден подводен тунел кој ја открива митеријата за Маите? (видео)

Сподели со своите пријатели

Тим нуркачи во областа на источниот дел на Мексико пронашол подводна пештера долга 347 метри. Се верува дека се работи за најдолгата потопена пештера во светот.

Пештерата е пронајдена во рамките на проектот „Gran Acuifero Maya“, посветен на истражување на лавиринтите на подводните канали на полуостровот Јукатан.

Научниците во близина на одморалиштето во Тулум откриле дека пештерскиот систем Сак Актун, чија должина изнесува 263 километри, бил поврзан со системот „Dos ohos“, долг 83 километри. Со време системот станал дел од Сакт Актун.

Митска прашума: Неколку факти за Амазонија (видео)

Loading...

Гиљермо де Анда, подводен археолог и директор на проектот, смета дека ова откритие би можело да пружи нов увид во развојот на цивилизацијата на Маите пред доаѓањето на шанските конвистадори.

Де Анда и неговиот тим претходно откриле таен премин под 1.000 години старата мајанска Кулкулкан пирамида во археолошкото наоѓалиште Чичен Ика.

Ескпертите сметаат дека тунелот по пад на подземни води би можел да води кон природна рупка, наречена сенота.

Одредени сеноти имале многу значајна улога во религискиот живот на Маите. Се смета дека служеле за жртвување на луѓе, со оглед на тоа дека во текот на претходното истражување во нив биле пронајдени човечки коски.

https://youtu.be/2UWjhk3nazU