Пронајден доказ дека човекот правел леб пред 14.000 години

Сподели со своите пријатели

Научниците го откриле најстариот познат доказ дека човекот започнал да прави леб пред 14.000 години.

По анализата на примероците, експертите велат дека лебот бил правен од повеќе видови житарици.

Нашите предци можеби го користеле и во него да ставаат месо, па пронајдениот примерок, освен што е најстаро пронајдено парче леб, би можел да биде и најстариот сендвич.

Пред оваа откритие од Црната пустина во Јордан, настариот доказ за правењето леб бил стар 9.000 години.

Ако го држите лебот во кутија нема да биде свеж – Еве го решението!

Loading...

Пекарите од каменото време користеле брашно од диви видови пченица и јачмен, го мешале со дробење на кора од растеија и додавала вода па печеле.

– Ова е најраниот доказ за нешто што навистина би можело да се нарече кулинарство.

Правеле леб и печеле месо од газели и други животни, а тоа подоцна го користеле за да направат оброк, вели професор Дорија Фулер од Лондонскиот универзитетски колеџ за ВВС.

Научниците исто така откриле две градби од кои секоја содржела голем кружен камин, каде се пронајдени остатоци од леб.

Лебот долго бил дел од човековата исхрана, но малку е познато за потеклото на неговото правење. Се до сега, најстариот доказ за правење леб потекнувал од подрачјето на денешна Турција пред 9.000 години.

Leave a Reply