Промоција на збирка поезија „Дождови“ од кумановката Сузана Божиновска

Сподели со своите пријатели

Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утревечер (среда) со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката поезија „Дождови“ од нашата сограѓанка Сузана Божиновска. Промотор на збирката е Христина Алексовска, музички гостин Ерди Шахини и водител Ана Љубиќ.

Loading...

Сузана Божиновска е родена во Куманово, каде и денес работи и живее. Таа е сопруга и мајка, и со целото свое битие посветена токму на оваа функција. А за пишувањето како што и самата вели: „ Не сум писател… Не сум некој кој некаде е запишан како писател. Ниту пак некој кој во некои документи ќе го пронајдете како писател. Јас сум некој кој дозволува листот и пенкалото да ја читаат мојата душа. “

Нејзината поезијата изобилува  од експресивни поетски слики со одмерено нијансиран дискурс. На еден суптилен, префинет па на моменти и нежен начин капките дожд паѓаат по „Надеж“, „Чекање“, „Прашање“, „Виножито“ …

Поетскиот поглед плени низ стиховите, овозможувајќи внатрешно, емотивно ослободување од секојдневните стегите „Тешко е“, „Можеш“, „Чекање“, „Копнеж“, „Дождот“ …

Интегрално соопштение