Промоција на документарен филм за кумановската гимназија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ вчера во Занаетчискиот дом го промовираше документарниот филм за постоењето на ова училиште, формирано 1945-та година.

Loading...

Промоцијата е во рамки на програмата за одбележување на јубилејот пет века постоење на Куманово. Документарниот филм го следи развојот на училиштето од почетокот до денес, претставувајќи го хронолошки процесот за изградба, создавање на првата учителска школа, учениците, професорите, кои се вградиле во образованието на успешните генерации.

-На овој начин сакаме да се оддолжиме на сите кои придонесоа гимназијата секогаш да биде меѓу најуспешните училишта во државава, рече во обраќањето директорката Марија Тодоровска.

Промоторот на филмот проф. д-р. Маја Јакимовска Тошиќ, рече дека гимназијата е една од врвните институции во градот низ која низ годините поминале генерации, успешни луѓе кои го презентираат Куманово во државата и светот.

-Документарниот филм содржи дел од историјата на градот, рече Јакимовска Тошиќ.

Авторот на документарниот филм, Марјан Стошевски вели дека филмот е сублимат кој вклучува повеќе фази од формирањето на образовната установа, па се до денес.

Loading...

-Од гимназијата излегоа академски граѓани, научници, спортисти, политичари кои давале и даваат придонес за развој на градот, изјави Стошевски.

Промоцијата на документарниот филм е дел од бројните културни настани во рамките на одбележувањето на Јубилејот 500 години Куманово.

Leave a Reply