Променливо облачно време со локален дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Преку денот врнежите ќе бидат застапени во западните делови а кон крајот на денот и преку ноќта во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9, а максималните ќе бидат во интервал од 15 до 23 степени целзиусови.

Променливо облачно со улосви за дожд и грмотевици ќе биде и во околината на Куманово со максимална дневна температура од 17 степени целзиусови и слаб ветер од северозападен правец. Минималната температурна вредност пак ќе се спушти само до третиот степен.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен дожд. Пообилни врнежи се очекуваат в петок и в сабота.