Пролетната сеидба во кумановско се одвива непречено

Сподели со своите пријатели

Пролетната сеидба се одвива непречено на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од подрачната единица на МЗШВ Куманово. Досега земјоделците и претпријатијата насеале вкупно 13.864 хектари со различни земјоделски култури.

Loading...

Житни културни се насеани на површина од 6.195 хектари, најмногу пченка на 3.600 хектари. Земјоделците од овој регион ја завршиле сеидбата на сончоглед на површина од 630 хектари. Досега, земјоделците насадиле 4.679 хектари со градинарски култури, од кои компир на површина од 1.102 хектари. И сеидбата на фуражни култури е во полн ек, информираат надлежните, насеана е површина од 2.360 хектари.

Сеидбата се одвива непречено, информираат стручните. Земјоделците, претходно  извршиле обработка на земјиштето, но сепак појаснуваат потребни се и дополнителни количини на влага во земјата. Дождот кој го најавуваат метеоролозите за наредниот период позитивно ќе влијае врз сеидбата и веќе засадените култури.

Leave a Reply