Произведува мед од марихуана: Пчелите собираат смола од канабисот (видео)

Сподели со своите пријатели

Николас (39), тренер на пчели од Франција, стана доста популарен на социјалните мрежи затоа што направи нешто за што многумина само зборуваа, но никој не успеал да го направи.

Во слободно време се занимава со пчеларство, уметност и браварство, а исто така е поборник за легализација на марихуаната во медицински цели.

Изминатите неколку години, Николас се обидувал да ги спои љубовта кон марихуаната и пчелите. А сега, конечно успеал да ги истренира пчелите да собираат полен од цветовите на канабисот. медот кој се добива од марихуаната Николас го нарекол „CannaHoney“.

Ги тренирав пчелите да работат неколку работи. На пример да собираат шеќер од овошје, наместо од цветот и иненадно добив идеја да се обидам да ги истренирам да собираат смола од канабис – вели Николас.

Иако овој феномен никој до сега не го испитал, па не се знае колку канабисот навистина е присутен во финалниот производ, Николас тврди дека неговиот производ е многу лековите. А, со оглед на тоа дека немаат ендоканабиноиден состав, на инсектите оваа билна не им штети, туку им служи како храна. Пчеларот смета дека се што минува низ нивното тело подоцна биднува подобрено.

Николас е љубител на природата и инсектите од детството, исто така голем заговорник за медицинската марихуана. Со пчеларство се занимава повеќе од 20 години. Дресурата на пчелите за производство на мед о коноп ја проучува од 2006 година, а пред три години се покажал вистински успех со истренираните пчели кои сега произведуваат мед од канабис.

Николас за сега поседува триесет тегли, а работата планира да ја продолжи во Шпанија, каде се помали ограничувањата и има повеќе професионалци во полето на пчеларството.