Програм за кој Пентагон не сакаше светот да дознае (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Буџетот на САД тежок 600 милијарди долари, 22 милиони наменети се за Програма за напредна идентификација на закани од воздух, а тој податок Пентагон добро го сокрил за да не обелодени дека интензивно истражува НЛО.

Таа програма постои со години, тврди „Њујорк тајмс“ врз основа на податоците кои ги добиле од службеници од Министерството за обрана на САД, разговорот со лица кои се вклучени во програмата и записи до кои дошле новинарите.

https://www.facebook.com/nytimes/videos/1414821488640027/

Loading...

Програмата ја водел воениот известувач Луис Елизондо, а Министерсвото никогаш претходно не признало дека програмата постои. Сепак, постојат тврдења дека програмата во последните пет години продолжила да истражува сличаи кои им ги пријавиле службеници од различни делови на Пентагон.

Делови од програмата и натаму се тајни, но сега се знае дека е започната во 2007 година и дека на него најмногу инсистирал демократот Хари Рејд. Најголемиот дел од парите заминале во фирма за истражување која ја водел неговиот пријател, а кој моментално со НАСА работи на производство на нови вселенски летала. Се работи за Роберт Бигалоу, кој на CBS во една прилика изјавил дека е апсолутно убеден дека вонземјаните постојат и дека НЛО ја посетиле Земјата.

Тому со фирмата на Бигалоу луѓето од споменатата програма создале документи кои опишуваат различни видувања на леталата, кои се движеле многу брзо, без видливи знаци на погон или кои лебделе.

Во рамките на програмата истражувани биле различни снимки од непознати објекти кои се сретнувале со американските воени летала. Меѓу нив и снимка од овален објект со големина на патнички авион, кој го снимиле два американски ловци, кои полетале од носачот „Нимиц“ крај брегот на Сан Диего во 2004 година.

 

 

Сара Сигер: Тоа што не го знаеме потеклото на објектот не значи дека тоа е НЛО

Во истиот текст е и изјавата на Сара Сигер, астрофизичарка од МИТ, која рекла дека то ашто потеклото на објектот не е познато не значи дека истиот е од друга планета или од друга галаксија. Сомнителен е и Џејмс Е. Оберг, поранешен инжинер на НАСА за вселенски бродови и автор на 10 книги за летот во вселената, во кои се разоткриени неколку наводни видувања на НЛО. Оберг предупредува дека перцепцијата знае да измами, но дека ја поддржува програмата затоа што „можеби ќе откријат бисер“.

 

 

Loading...

Од Пентагон велат дека програмата е изгасната во 2012 година затоа што постоеле поважни работи, но Елизондо тврди дека тогаш само Владата престанала да ја финансиран програмата, но дека дека проектот продолжил.