Прогласена глобална пандемија од коронавирусот

Сподели со своите пријатели

„Проценивме дека ковид-19 може да биде означен како пандемија“, рече шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус, во Женева, пренесува Франс Прес.

Loading...

Тој рече дека СЗО е „длабоко загрижена за алармантните нивоа на ширење и сериозноста“ на епидемијата.

Кривични пријави за сите што ќе шират лажни вести за коронавирусот

Тој, исто така, изрази загриженост за „алармантно ниво на неактивност“.

Тој рече дека сега има повеќе од 118.000 заразени во 114 земји и 4.229 кои починале и дека со оваа прогласување не се менува она што земјите треба да направат за агресивно да се борат со вирусот.

Со прогласување на пандемија, СЗО се чини дека сака да ги разниша неактивните земји за да започнат со спроведување на сите можни мерки за спречување на ширењето на вирусот, пренесува АП.

Владата донесе 19 ригорозни мерки за заштита од коронавирусот

Според шефот на СЗО, бројот на заразени случаи, бројот на починати и бројот на засегнатите земји се очекува да се зголеми во наредните денови и недели, но исто така посочи дека текот може да се промени.

Loading...

„Сите земји сè уште можат да го променат текот на оваа пандемија, доколку тие детектираат, тестираат, третираат, изолираат и бараат од каде доаѓаат и да ги мобилизираат своите луѓе како одговор“, рече Тедрос, додавајќи дека тие ги повикуваат земјите секој ден да преземат итна и агресивна акција и дека јасно и гласно го означија алармот.

Агенцијата на ООН соопшти дека Иран и Италија се во првите редови на битката против вирусот што започна во Кина.

ВЛАДА: Сите што допатувале од регионите со епидемија со коронавирусот задолжително да се јават во Центрите за јавно здравје

„Тие страдаат, но јас ви гарантирам дека другите земји наскоро ќе бидат во иста ситуација“, рече д-р Мајк Рајан, шеф на итни случаи на СЗО.

Италија размислува да воведе уште повеќе ограничувања во секојдневниот живот и најави финансиска помош од неколку милијарди евра за да го ублажи економскиот шок на коронавирусот.

Во Иран, далеку најтешко погодената земја на Блискиот исток, потпретседателот и двајца министри се заразени со вирусот.

Каде да се обратите во Куманово во случај на симптоми од коронавирус?

Иран објави уште еден скок во бројот на починати за 62 лица, со што вкупната смртност достигна 354 мртви, зад Иран се само Кина и Италија.

Loading...

Leave a Reply