Прогласена е пејачката со најголема заработка за 2015 година (фото)

Сподели со своите пријатели

На листата најплатени музичари за 2015 година која ја објави магазинот „Форбс“ на првото место се најде пејачката Кејти Пери која заработила неверојатни 135 милиони долари.

Loading...

„Форбс“ наведува дека Пери само во 2015 година благодарение на песната Dark Horse успеала да ги заработи тие пари.

Katy-Perry-2015-Super-Bowl-Wallpaper

Веднаш зад неа се наоѓа бендот One Direction кои во 2015 година заработиле 130 милиони долари, а ги следи кантри пејачот Гарт Брукс со заработени 90 милиони долари. Во 2015 добра заработка остварила и Тејлор Свифт со околу 80 милиони долари.

Оваа година и нејзиното момче Калвин харис се најде на листата најплатени музичари со оглед на тоа дека има годишна заработка од 66 милиони долари.

На листата најплатени се наоѓа и бендот The Eagles со 73,5 милиони, Џастин Тимберлејк со 63,5, Сеан Комбс со 60 милиони, Fleetwood Mac со 59,5 и Лејди Гага со 59 милиони долари.