Професионалните театри со помалку претстави и посетители

Сподели со своите пријатели

Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 40,6 отсто во периодот 2019/2020 година. Намален е и бројот на посетители за 39,4 отсто во однос на периодот 2018/2019 година.

Loading...

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 221.

Во периодот 2019/2020 година, во однос на периодот 2018/2019 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 40,3 отсто, а бројот на посетителите е намален за 36,7 отсто. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 85,1 отсто, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 86,5 отсто.

Во периодот 2019/2020 година, во однос на периодот 2018/2019 година, бројот на концертите е зголемен, додека бројот на посетителите на Филхармонијата е намален.

Како што објави Државниот завод за статистика, кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2019/2020 година, во споредба со 2018/2019 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и бројот на посетителите.

Магдалена Ристоманов

Leave a Reply