ПРОФЕСИЈА ОД СОНИШТАТА: Работи како тестатор на каучи (видео)

Сподели со своите пријатели

Благодарение на произведувачот на мебел од рускиот град Уфе, Ана Черданцева стана професионален тестатот за каучи.

Нејзината работа се состои од 10-часовно испробување на удобноста и безбедноста на мебелот. Таа до работата од соништата дошла откако се пријавила на оглас за една позната фирма, која имала потреба баш од такво работно место.

Никој не бил изненаден кога за неколку дена се пријавиле пет илјади „седечки ентузијасти“ подготвени „напорно“ да работат за да муштериите не бидат соочени со непријатности.

Почувствував силна конкуренција, тоа беше вистинска борба за работата од моите соништа. Имам многу идеи за унапредување на каучите, но би сакала да не ги изнесувам сега. Верувам дека софите и јас убаво ќе се сложуваме – рекла добитничката на работата и експерт за маркетинг.

Ана амоментално е на тримесечна пробна рабоа со плата од илјада долари месечно, а од компанијата наведуваат дека нејзиното постојано вработување ќе го преиспитаат дополнително.

Loading...