Проектот „Македонија вработува 2“ презентиран пред граѓаните на Старо Нагоричане (фото)

Сподели со своите пријатели

Од страна на Центраот за вработување Куманово денес во Општина Старо Нагоричане беше промовиран проектот „Македонија вработува 2“ при што пред локалните жители на општината и околните села беше презентиран проектот кој може да овозможи нови работни места за невработените лица.

Успешноста на првиот проект ми дава надеж и оптимизам дека и овој проект ќе даде позитивни резултати и ќе даде свој придоенс во намалување на невработеноста во регионот – вели Милорад Тренчевски, директорот на Центар за вработување Куманово.

13694305_1211947188823954_1634726809_o

Loading...

 

На граѓаните им беа поделени околу 100 промотивни флаери, а сите заинтересирани за апликација можат да се обратат до Центарот за вработување во Куманово каде можат да добијат и поконкретни информации за тоа како полесно да дојдат до работно место.

 

13699367_1211947355490604_294548128_o

 

Инаку во првио циклус од проектот „Македонија вработува“ вкупно 25 лица од овој регион оствариле вработување, а проектот ќе продолжи со реализација и во иднина.

13694064_1211947268823946_523144790_o